ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите се лутат на Црна Гора затоа што им воведува визи, тврдат дека земјата ќе трпи штети

Русите се лутат на Црна Гора затоа што им воведува визи, тврдат дека земјата ќе трпи штети

Реакции има во Москва поради одлуката на Подгорица да воведе визи за руските туристи. 

Амбасадата на Русија во Подгорица оцени дека одлуката на Владата на Црна Гора да воведе визен режим за руските граѓани од 1 ноември претставува уште еден доказ, како што наведуваат, за „екстремната зависност на Подгорица од влијанието на странските патрони“ и предупреди дека таков потег би можел да има негативно влијание врз туризмот и билатералните односи, објавија црногорските медиуми.

Во соопштението се потсетува дека Владата на Црна Гора усвои измени на Правилникот за визи на 23 јули, со кои се ограничува важноста на безвизниот режим за руските граѓани до 31 октомври оваа година.

Амбасадата наведува дека, според објаснувањето на Министерството за надворешни работи на Црна Гора, одлуката е донесена со цел да се исполни еден од критериумите за пристапување кон Европската Унија.

Руската амбасада тврди дека воведувањето визи ќе има негативни последици за црногорската економија.

„Руската амбасада во Црна Гора го смета воведувањето визен режим за Русите како уште еден доказ за екстремната зависност на Подгорица од влијанието на нејзините странски патрони. Тие не се загрижени од фактот дека црногорската туристичка индустрија сочинува 30 проценти од бруто домашниот производ на земјата, а дека минатата година руските граѓани сочинувале 16,4 проценти од ноќевањата. Лесно е да се претпостави дека визниот режим за преминување на границата значително ќе ја намали оваа бројка“, се вели во соопштението.

Се додава дека, според проценката на Амбасадата, оваа мерка би можела да има негативно влијание врз проектите во кои учествуваат руски компании.

„Секако, тоа ќе нанесе сериозен удар и на бројни проекти во кои се вклучени руски компании, кои се многу корисни за Црна Гора“, смета Амбасадата.

Руската амбасада наведува дека верува оти било можно да се одржи безвизниот режим во процесот на европска интеграција на Црна Гора.

„Амбасадата е убедена дека, со добра волја, прашањето за одржување на безвизниот режим е целосно решливо дури и во контекст на пристапување на земја-кандидат во ЕУ. За жал, интересот на Црна Гора во овој поглед не е очигледен“, се вели во соопштението.

Руската амбасада соопшти дека Москва е сè уште подготвена да ги подобри билатералните односи, но исто така го задржува правото да одговори на она што го нарекуваат „непријателски дејствија“.

Министерството за надворешни работи на Црна Гора објави дека од први ноември 2026 стапува на сила визниот режим со Русија и Белорусија, како и со Турција, Саудиска Арабија и Кина.

Претходно, имаше информации за воведување визи од 1 септември и 1 октомври.

Со воведувањето визи, Црна Гора „ја усогласи својата визна политика со онаа на Европската Унија“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи објавено на веб-страницата на владата на земјата; соодветната уредба беше усвоена на 23 јули.

„Министерството за надворешни работи на Црна Гора активно и систематски презема мерки насочени кон ублажување на сите потенцијални негативни последици од овие промени, а воедно обезбедува процесот на добивање црногорска виза да остане што е можно поедноставен и подостапен“, се наведува во соопштението на министерството.

Црна Гора е една од европските земји во кои Русите со антивоени ставови се преселија по почетокот на војната против Украина, избирајќи ја, меѓу другото, поради безвизниот режим.

Црногорскиот весник „Дан“ објави дека 14.000 од 21.000 регистрирани руски државјани што живеат таму ја напуштиле земјата по најавата за претстојното воведување визи.

foto printskrin youtube

ad
Слично

Поврзани вести