САД санкционираа менувачници и компании кои му помагале на Иран да префрла милиони долари
САД воведоа нови санкции против менувачници, компании и финансиски посредници за кои тврдат дека му помагале на Иран да префрла стотици милиони долари преку странство.
Според американското Министерство за финансии, дел од парите доаѓале од продажбата на иранска нафта, а потоа преку менувачници и компании во други земји биле враќани во Иран.
Меѓу санкционираните има и менувачници од Дубаи, како и компании регистрирани во Хонгконг и Сингапур.
Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека приходите од продажбата на нафта се еден од главните извори на пари за иранските власти.
Со санкциите, САД сакаат дополнително да го ограничат пристапот на Техеран до странски валути и меѓународниот финансиски систем.
Слично
