ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

САКАЛЕ ДА ШВЕРЦУВААТ ОПРЕМА ЗА ТЕТОВИРАЊЕ - цариниците се запленија, од игли до масло и помошни алатки

САКАЛЕ ДА ШВЕРЦУВААТ ОПРЕМА ЗА ТЕТОВИРАЊЕ - цариниците се запленија, од игли до масло и помошни алатки

На граничниот премин Блато бил спречен обид за шверц на над три илјади игли за тетовирање, објави Царинската управа. 

Од оваа институција објавуваат дека непријавените предмети се пронајдени во товарно возило и дека освен иглите за тетовирање отркирени се и мастило за тетовирање, маст и помошни алатки. 

- Царински службеници на влез на граничниот премин Блато запленија над три илјади парчиња игли и друга опрема за тетовирање, којашто возач на товарно моторно возило се обидел нелегално да ја внесе во државава. 
При детална контрола, царинските службеници во возилото, покрај иглите, открија и 60 пакувања со вкупно 7,2 литри мастило за тетовирање, 150 парчиња маст и помошни алатки за тетовирање - се посочува во објавата на Царина. 

Но, овој пат не споредлија дали возачот е наш државјанин или од друга земја, ниту пак дали е открено која е крајната локација на овие предмети.

 

ad
Слично

Поврзани вести