ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Како тоа водата е технички исправна во Гостивар, а анализата ќе биде објавена дури на 20 август?

СДСМ: Како тоа водата е технички исправна во Гостивар, а анализата ќе биде објавена дури на 20 август?

СДСМ денес реагира по најавата на министерот за здравство Сашо Клековски дека анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август, со тврдење дека дозволата за техничко користење е неубедлива.

„Министерот Клековски вчера објави: анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури до 20 август.

Трујат луѓе со месеци. Епидемија на жолтица. Бактерии во водата. А резултатите ќе ги кажат дури за две недели. Како тогаш можеа да тврдат дека водата е „технички исправна“

Единствен одговор: Затоа што Мицкоски лично рекол дека е исправна. За да се претстави како спасител и да собере евтини политички поени.

Министерот за полиција Тошковски прави хиперхлорирање и им рече на граѓаните „пуштете ја водата да истече“. Директорот Стојанче Ангелов јавно потврди дека има опасна бактерија во водата. А сега ќе чекаме до 20 август да чуеме официјална анализа“, гласи соопштението на опозициската партија.
Од таму додаваат дека пациентите и понатаму се префрлаат во Тетово. а во болницата сред епидемија дежура еден инфектолог и неколку специјализанти – плус дерматолози.


ad
Слично

Поврзани вести