ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Мицкоски замина на одмор, а ниту еднаш не отиде во Гостивар

СДСМ: Мицкоски замина на одмор, а ниту еднаш не отиде во Гостивар

Од СДСМ денес обвинија дека премиерот Христијан Мицкоски заминал на одмор, а при тоа, како што е наведено во нивната реакција, ниту еднаш не отишол во Гостивар од појавата на епидемијата.

Веќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат. Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња. Деца, стари, болни – сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода, велат од СДСМ.

„Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на жолтица, нема лекари и медицински техничари. Во тие пет недели премиерот Христијан Мицкоски не се појави ниту еднаш во Гостивар. Не само што не дојде. Тој замина на годишен одмор.

Додека граѓаните пијат вода од шишиња и чекаат да престане труењето, премиерот е на одмор и ја напаѓа сопствената јавност. Ова е односот на оваа власт кон луѓето. Кога има лента за сечење – доаѓаат. Кога има криза што ги погаѓа обичните граѓани – исчезнуваат и напаѓаат“, велат од СДСМ.


ad
Слично

Поврзани вести