ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се бара притвор, четворица уапсени за пукање на свадба

Се бара притвор, четворица уапсени за пукање на свадба

По поднесена кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, општина Врапчиште за предизвикување општа опасност, откако славеле на свадба со пукање.

- Осомничените, на 31 јули вечерта, во дворно место од семејна куќа во селото, на свадбена прослава, употребиле огнено оружје и тоа три пиштоли и една пушка од непозната марка и калибар со кои пукале во воздух и со тоа ги довеле во опасност животите на поголем број присутни на свадбената прослава, објави ОЈО.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на секој од осомничените, а едниот од нив покрај македонско има и словенечко државјанство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.


ad
Слично

Поврзани вести