ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се обиделе да подигнат кредит од 900.000 денари со фалсификувани документи, полицијата ги уапси

Се обиделе да подигнат кредит од 900.000 денари со фалсификувани документи, полицијата ги уапси

Полицијата уапси тројца скопјани при обид да подигнат кредит од 900.000 денари со фалсификувани документи од банка во Скопје.

Полициски службеници од СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал вчера ги уапсиле И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), сите од Скопје.

Според полицијата, тие се сомничат за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“. Имено, И.Т., со помош на другите две лица, со фалсификувана лична карта со податоци на друго лице и со фалсификувана кредитна документација, се обидел да побара и да подигне кредит во висина од 900.000 денари во една од банките во Скопје.

Во моментот кога фалсификуваната документација била процесуирана во банката, полициските службеници ги лишиле од слобода осомничените.

Во координација со дежурен јавен обвинител, тројцата биле изведени пред судија на претходна постапка. 

ad
Слично

Поврзани вести