ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се огласи поранешниот градоначалник на Крушево: Приватна забава, наместо сенароден собир за Илинден

Се огласи поранешниот градоначалник на Крушево: Приватна забава, наместо сенароден собир за Илинден

Поранешниот градоначалник на Крушево, Томе Христовски, се огласи со реакција за собирот на Мечкин Камен по повод празнувањето на Денот на републиката со критики дека изостанала масовна посетеност за 2 Август.
„Сликата од Илинден на Мечкин Камен ме потсети на едно култно дело – „Барајќи го Годо“ од Семјуел Бекет.

​Во драмата, двајца ликови стојат покрај пат и бесконечно чекаат некој извесен господин Годо кој треба да им донесе спас, решенија и подобро утре. Секој ден им јавуваат: „Денес нема да дојде, ама сигурно иде утре“. И така со децении, времето си поминува во пасивно чекање, а ништо суштински не се менува.

Мечкин Камен денес — празен, тивок и оставен на протоколи. Наместо народ кој со гордост го слави својот најголем празник, гледаме празни столчиња, лицемерни говори и сценографии за партиски поени“, напиша тој.
Поранешниот градоначалник кој го водеше крушево до 2025 ја искритикува Централната прослава, која наместо сенароден собир, била приватна забава според Христовски.

„​Но, уште пожална беше сликата низ целото Крушево. За прв пат оваа година, градот-херој беше свесно запоставен и ставен во втор план. Централната прослава, која требаше да биде гордост на сите граѓани, наликуваше на приватна забава со строги бариери и контролирани протоколи, наместо на сенароден собир. Резултатот од таквиот страв од сопствениот народ и желбата за контрола е контраефект — празни улици и огорченост.

Овој контра ефект заради промашувања го почуствува најмногу приватниот сектор, издавачите на апартмани, сместувачките капацитети, рестораните, кафичите или воопшто локалната економија која е на удар и цела претходна година, но...

​Илинден никогаш не бил сопственост на политичарите. Тој му припаѓа на народот! Народот не е декор за да ракоплеска на празни ветувања кои се забораваат уште утре, ниту пак Крушево заслужува да биде маргинализирано заради нечии макети и евтин политички театар“, додаде тој.


ad
Слично

Поврзани вести