ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Се прифаќаат агрументите дека поседува фирма во Србија чие работење е доведено во прашање“: ОЈО со објаснување за Марковски

„Се прифаќаат агрументите дека поседува фирма во Србија чие работење е доведено во прашање“: ОЈО со објаснување за Марковски

По објавите во медиумите дека битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“, ја напуштил земајва, откако пртходно му бил вратен пасошот, со објаснување се јави Основното јавно обвинителство. 

- Во конкретниот случај, барањето за укинување на дополнителните мерки за претпазливост изречени при определувањето на гаранцијата е поднесено од одбраната на обвинетиот. 

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга првично на 15.06.2026 година даде негативно мислење за прифаќање на ова барање. 

Откако одбраната поднела ново барање, јавниот обвинител го реферирал предметот во Вишото јавно обвинителство Битола. Од реферирањето е изготвен записник, при што Вишиот јавен обвинител донел заклучок со кој понискиот јавен обвинител го задолжил да поднесе позитивно мислење да се уважи предлогот на одбраната за враќање на привремено одземената патна исправа. 

Како аргументи за ваквата одлука, Вишиот јавен обвинител изнесува став дека со определената гаранција се исклучени околностите кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетиот. 

Воедно се прифаќаат аргументите на одбраната дека обвинетиот поседува фирма во Република Србија чие работење е сериозно доведено во прашање и постои можност да биде нанесена ненадоместлива штета доколку тој во најкраток можен рок не отпатува таму за да потпише документација во врска со работењето на фирмата. 

Сите аспекти на ваквата одлука и соодветната аргументација ќе бидат испитани. Во моментов не може да се смета дека обвинетиот е во бегство и тој има обврска да се јавува пред судот - посочуваат од ОЈО. 

Инаку Марковски заедно со седум лица е осомничен за кривични дела поврзани со јавна набавка за дислокација на погонски станици од ТЕЦ „Осломеј“ во РЕК „Битола“ 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: 

На осомничениот бизнисмен Борче Марковски му бил вратен пасошот и веднаш ја напуштил Македонија

КУЌА СО ДВОР, ТРИ СТАНА ВО БИТОЛА И МЕХАНИЗАЦИЈА - битолскиот Суд со објаснување зошто Борче Марковски е пуштен од притвор

Бизнисменот Борче Марковски излезе од притвор со 5 милиони евра гаранција

ad
Слично

Поврзани вести