Шанса за Центар: Герасимовски со помош на бизнис партнерите од опозицијата си изгласаа нацрт ДУП за Барутана
Од Шанса за Центар велат дека градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски со помош на бизнис партнерите од опозицијата си изгласаа нацрт ДУП за Барутана на Водно кој не е усогласен со Генералниот урбанистички план на градот.
Според нив, донесоа нацрт-план за кој на подрачје кое е под влијание на ерозија нема мислење од Дирекцијата за заштита и спасување.
„Донесоа нацрт-план во кој нема предвидени мерки како да се заштити подрачјето од потенцијална ерозија. Донесоа нацрт-план со кој покрај постоечките 15 објекти ќе се градат уште 25 објекти од кои секој може да има по 4 станбени единици (значи во секој може да живеат по 4 семејства и да имаат по минимум 4 возила). Нацрт-план со кој општината ќе даде повеќе пари за пробивање на пат низ брдо и сечење на повеќедецениска шума која треба да го штити градот и за преместување на магистрална водоводна цевка за да се овозможи изградба на хациенди од парите кои ќе ги наплати од комуналии (значи сите граѓани на Центар ќе плаќаат за ова раскрчување на дел од планината на потенцијална сопствена штета). И за тој план Герасимовски вели дека со него се воведувал ред!?“, стои во објавата.
Сето ова велат дека беше предочено на седницата на која се гласаше овој нацрт-ДУП , но интересите излегоа посилни од предупредувањата. Слушнете ја советничката на Шанса за Центар, архитектката Билјана Филиповска -Тодорчевска.
Слично
