ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШАТОР ВО ГРМУШКИТЕ СПРОТИ ВИЛА „БИЛЈАНА“?! Невообичаена локација, сокриена од погледите на минувачите

ШАТОР ВО ГРМУШКИТЕ СПРОТИ ВИЛА „БИЛЈАНА“?! Невообичаена локација, сокриена од погледите на минувачите

Поставен е шатор во грмушките спроти влезот на Вила „Билјана“ во Охрид, јавува „Охрид1“. Според објавата на овој локален сајт, не е познато кој го монтирал шаторот, ниту зошто е таму монтиран.

- Во густите грмушки спроти влезот на Вила „Билјана“ во Охрид, во народот позната и како Титова вила, е поставен шатор за кампување. Шаторот се наоѓа на просторот меѓу плажата Горица 1 и влезот на вилскиот комплекс, на локација која е речиси целосно скриена од погледите на минувачите.

Засега не е познато кој го поставил шаторот, ниту колку време се наоѓа на оваа локација. Според видливата состојба, тој не е поставен на легален камп-простор, а останува нејасно и зошто досега не е преземено ништо за негово отстранување.

Вила „Билјана“ е државен објект во кој традиционално престојуваат високи државни делегации, а во текот на летниот период таму престојува и претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова - јаува „Охрид1“. 

Потоа додаваат дека граѓаните очекуваат надлежните институции да утврдат кој го поставил шаторот, дали престојува некој во него и дали неговото поставување е во согласност со важечките прописи, особено имајќи ја предвид чувствителноста на локацијата во непосредна близина на државниот вилски комплекс.

Видеото на следниов линк.



ad
Слично

Поврзани вести