ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шише вода од 1,5 литри кое во малопродажба чини 25 денари, набавено по цена од 12,5 денари“: Владата контра тврдењата на опозицијата

„Шише вода од 1,5 литри кое во малопродажба чини 25 денари, набавено по цена од 12,5 денари“: Владата контра тврдењата на опозицијата

Владата на Република Македонија преку соопштение ги отфрли како невистинити обвинувањата на СДСМ поврзани со набавката на флаширана вода за граѓаните на Гостивар, оценувајќи дека станува збор за, како што наведува, „целосно измислени дезинформации“ и обид за манипулација со јавноста.

Во реакцијата се посочува дека Владата останува на ставот дека ќе продолжи бесплатно да обезбедува безбедна вода за пиење за жителите на Гостивар сè додека надлежните институции официјално не потврдат дека водата од водоводниот систем е исправна за употреба.

- Во врска со невистинити тврдења изнесени од Социјалдемократскиот сојуз, Владата најостро ги демантира обидите за манипулирање на јавноста со неточни, комплетно измислени дезинформации. Станува збор за дрски и безобразни лаги.

Во отсуство на реални теми и аргументи, СДС повторно се служи со лаги и искривување на фактите, надевајќи се дека ќе ја доведе јавноста во заблуда.

Владата останува доследна на преземената обврска дека граѓаните на Гостивар ќе добиваат безбедна вода за пиење сè додека стручните лица и надлежните институции официјално не потврдат дека водата од водоводниот систем е исправна за употреба. Ова ветување целосно се исполнува и нема да биде доведено во прашање - потенцираат во нивната објава поставена на веб страната. 

Од Владата потврдуваат дека постапката за набавка на флаширана вода ја спровела Службата за општи и заеднички работи, а договорот го добила компанијата „Кожувчанка“.

Според нив, цената по која се набавува водата изнесува 12,5 денари за шише од 1,5 литри, што е значително пониско од малопродажната цена, која, како што наведуваат, изнесува најмалку 25 денари. 

- Во однос на набавката на флаширана вода, точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го доби компанијата „Кожувчанка“. Но, исто така е факт дека шише вода од 1,5 литри кое во малопродажба чини најмалку 25 денари, Владата го набавува по цена од 12,5 денари.

Тоа е возможно затоа што компанијата „Кожувчанка“ учествува во набавката со сопствен придонес, со цел да им се помогне на граѓаните и институциите во услови на кризна состојба.

Фактите се јасни и лесно проверливи. Обидите за нивно искривување нема да ја променат вистината.

Пред фактите паѓа секоја манипулација. Апелираме, кога на ниту еден начин не помагаат, барем од СДСМ да престанат безобразно да лажат - истакнуваат на крајот од соопштението.



ad
Слично

Поврзани вести