Сиљановска-Давкова: Никому не му должиме за тешко изборената држава, токму затоа никој нема право да ја ревидира нашата историја
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Скопје порача дека партизаните и асномнците го вградиле антифашизмот како трајна македонска определба.
Вели дека слободата не беше подарена, туку сами се ослободивме.
„Никому не му должиме за тешко изборената држава, токму затоа никој нема право да ја ревидира нашата национална историја“, рече претседателката.
За Методија Андонов-Ченто рече дека е еден од најголемите македонски синови. Вели дека државата се чува со вложување на младите. Додаде дека речиси половина од асномците биле под 30 години. Претседателката рече дека за жал, младите денес се иселуваат и посегнуваат по пасоши на други земји членки на Европската Унија(ЕУ).
Слично
