СКОПЈАНЕЦ СЕДНАЛ ЗАД ВОЛАН СО 3,29 ПРОМИЛИ - направил и сообраќајна незгода, за среќа нема повредени
Лекарските и медицински факти околу присуството на алкохол во крвта велат дека со 2,5 промили алкохол во крвта веќе се јавуваат сериозни пречки на сите ментални и физички функции. Се зголемува и ризикот од задушување при повраќање, како и од повреди при паѓање или друг вид на несреќа.
Со 3 промили во крвта можно е да дојде до ненадејно губење на свеста и тешко будење и освестување од таквата состојба.
3,5 промили веќе претставуваат сериозен проблем и може да доведат до појава на кома. Ова количество алкохол по својата јачина е еднакво како и јачината на една анестезија при хируршка интервенција.
Четири и повеќе промили алкохол предизвикуваат состојба на кома, а многу веројатно и смрт пред се заради престанок на дишење, многу нискиот крвен притисок и задушување при повраќање.
Од друга страна со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, казните се разликуваат зависно од количината на алкохол во крвта:
- До 0,50 промили (за оние со нулта толеранција) следуваат високи парични казни и забрана за возење.
- Од 0,51 до 1,00 промил: Казна од 225 евра (во денарска противвредност) и 40 негативни поени.
- Од 1,01 до 1,50 промил: Казна од 275 евра и 50 негативни поени.
- Над 1,50 промили: Казна од 375 евра и 60 негативни поени, како и задолжително задржување во полициска станица до трезнење.
За сите прекршоци над дозволената граница се доделува и привремена забрана за управување со моторно возило во траење од 3 до 12 месеци.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
