ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанец возел со 2,13 промили алкохол, полицијата го приведе и му го одзеде возилото

Скопјанец возел со 2,13 промили алкохол, полицијата го приведе и му го одзеде возилото

Четириесет и едногодишен скопјанец бил приведен откако полицијата утврдила дека управувал автомобил со 2,13 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола.

Според МВР, Д.В. бил запрен на 9 август во 00.01 часот на локалниот пат Илинден – Марино од полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот.

Тој управувал „опел“ со скопски регистарски ознаки, а при контролата било утврдено дека нема возачка дозвола.

За случајот бил известен јавен обвинител, а автомобилот бил одземен.

По целосно документирање на случајот, против 41-годишниот скопјанец ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик.

ad
Слично

Поврзани вести