Собранието ја избра Мери Дика-Георгиевска за уставен судија
Собранието денеска ја избра Мери Дика-Георгиевска за уставен судија. За нејзиниот избор гласаа 64 пратеници, а немаше „против“ ниту „воздржани“.
По изборот, таа даде и свечена заклетва. Дика-Георгиевска е дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Освен во Апелација работела и како адвокат, а била и судија во Основниот суд Скопје.
Во нејзината биографија се впишува и функцијата член на Судскиот совет, каде што членуваше во периодот од 2012 до 2018 година. Таа активно го говори англискиот јазик.
Слично
