Стружанецот кој вербално го нападна Мицкоски во Ташмаруништа доби кривична пријава
Стружанецот кој вербално го нападна премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на Денот на републиката во Ташмаруништа доби кривична пријава од МВР.
- ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” по чл.386 став.5 од Кривичниот законик.
Тој, на 02.08.2026 во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа бил лишен од слобода, по претходна пријава дека упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 август, информираат од МВР.
Слично
