ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРУЖАНИ УТРОВО СЕ РАЗБУДИЈА СО ЗЕМЈОТРЕС - епицентарот бил во Албанија

СТРУЖАНИ УТРОВО СЕ РАЗБУДИЈА СО ЗЕМЈОТРЕС - епицентарот бил во Албанија

Земјотрес со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Албанија, а потресот бил почувствуван и во делови од Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

Земјотресот се случил во 7:52 часот, со епицентар на територијата на Албанија, на околу 144 километри југозападно од Скопје.

Според досегашните сеизмолошки податоци, потресот бил почувствуван во Струга и околните населени места со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

Надлежните институции продолжуваат со следење на сеизмичката активност во регионот.




ad
Слично

Поврзани вести