ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОПЛОТНИОТ БРАН ЌЕ ЈА „СПРЖИ“ МАКЕДОНИЈА: температурите ќе надминат 40 степени, еве какво ќе биде времето до крајот на неделава

ТОПЛОТНИОТ БРАН ЌЕ ЈА „СПРЖИ“ МАКЕДОНИЈА: температурите ќе надминат 40 степени, еве какво ќе биде времето до крајот на неделава

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Според прогнозата на УХМР, топлотниот бран ќе продолжи и во наредните денови, при што дневната температура на одделни места ќе надмине 40 степени. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

- Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи - се посочува во објавата на УХМР, сепак, нема најава за намалување на температурите. 




ad
Слично

Поврзани вести