ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трактор го влечеше владиниот авион на скопскиот аеродром

Трактор го влечеше владиниот авион на скопскиот аеродром

ТВ21 објави фотографија од владиниот авион како е влечен од трактор на скопскиот аеродром.

Македонската влада за службени патувања го користи авионот Bombardier Learjet 60, со регистрацијаСтанува збор за деловен млазен авион произведен во 2004 година во Вичита, Канзас, а во употреба во Македонија е од почетокот на 2005 година.

„Лирџет 60“ е авион од средната класа на деловни млазни авиони, наменет пред сè за превоз на високи државни функционери. Може да превезува до осум патници, а неговиот долет овозможува директни летови од Скопје до поголем дел од европските дестинации.

Последна информација за владиниот авион е дека пред една недела беше користен за транспорт на пациент од Скопје кој се здобил со сериозна повреда на рбетниот мозок за време на одмор во турското летувалиште Кушадаси 


ad
Слично

Поврзани вести