Трамп објави мапа на која Венецуела е 51-ва држава на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно објави слика на Truth Social на која Венецуела е прикажана како 51-ва држава на САД. Објавата прикажува мапа на северот од Јужна Америка, каде што територијата на Венецуела е обележана со боите на американското знаме.
Трамп претходно објави едитирани фотографии поврзани со територијалните амбиции на САД. Во јануари, тој сподели слика на која Венецуела, Гренланд и Канада беа покриени со американското знаме.
На почетокот на годинава, САД извршија напад на Венецуела и го заробија тогашниот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга. Нив ги однесоа во САД и тие ќе одговараат за наркотероризам.
Слично
