Tрамп за Иран: Ќе ги претепаме, ќе добијат добар ќотек
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани на Иран по последните ракетни напади врз американските сили на Блискиот Исток.
„Ќе ги претепаме… Ќе ги удриме силно, ќе добијат добар ќотек“, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“.
Изјавата на Трамп доаѓа откако Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека Иран лансирал неколку балистички ракети кон американските сили на Блискиот Исток. Од командата не прецизираа кои бази биле цел на нападите, но наведоа дека сите ракети биле успешно пресретнати.
Од друга страна, иранските државни медиуми објавија дека цел на нападот била американската воена база во Јордан, каде што, според американската војска, биле пресретнати пет ирански ракети.
Војната почна на 28 февруари годинава.
foto printskrin youtube
