ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен Македонец во Никшиќ – осомничен за обид за убиство на член на „шкаљарскиот“ клан

Уапсен Македонец во Никшиќ – осомничен за обид за убиство на член на „шкаљарскиот“ клан

Црногорската полиција го уапси 19-годишниот македонски државјанин Андреј Танасковски во Никшиќ, кој се бараше со меѓународна потерница поради сомнение дека учествувал во обид за убиство на Марко Љубиша – Кан, лице поврзувано со „шкаљарскиот“ клан, објавија црногорските медиуми, повикувајќи се на извори од полицијата.

Според информациите, Танасковски бил пронајден и уапсен во таен стан во населбата Видрован во Никшиќ. Заедно со него бил приведен и 34-годишниот Нено Марковиќ од Никшиќ, кој е осомничен дека му помогнал на Танасковски да се крие од органите на редот по настанот.

Од црногорската полиција информираат дека Танасковски е осомничен за обидот за убиство на 56-годишниот Марко Љубиша – Кан, кој се случил на 7 август 2025 година во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Будва.

Според полициското соопштение, осомничениот наводно испукал два истрела кон Љубиша, при што му нанел повреди во пределот на главата.

„По А.Т. е издадена меѓународна потерница за кривично дело обид за убиство, откако испукал два истрела кон жртвата. Осомничените се товарат и за нелегално поседување оружје и фалсификување исправа“, наведуваат од црногорската полиција.

Во истрагата било утврдено сомнение дека при подготовката на нападот, Танасковски користел фалсификувана лична карта со иницијали Ј.Г. од Србија, со која се регистрирал во хотел во близина на местото каде што се случил нападот.

Надлежните органи во Црна Гора продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот.


ad
Слично

Поврзани вести