ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Вака ќе е додека не заладиТ времето и не си заминиТ Скопје“: Охриѓани револтирани поради гужвите предизвикани од придружните конвои на претседателката

„Вака ќе е додека не заладиТ времето и не си заминиТ Скопје“: Охриѓани револтирани поради гужвите предизвикани од придружните конвои на претседателката

На социјалните мрежи се споделува видео од спровод на официјални лица низ улиците во Охрид, за кои снимателите тврдат дека е конвојот кој ја прати претседателката Гордана Силјановска Давкова за време на нејзиниот престој во градот. 

Во објавата се споделува дека цело лето се блокираат улиците низ градот за да се овозможи брз проток на патувањето на претседателката. Но, истовремено се потенцира дека оваа навика на блокирање на улиците создава гужви на улиците и неворзи кај граѓаните поради блокирањето на улиците за да помине придружбата на претседателката. 

- Граѓаните сами снимаат и онјавуваат ! Вака е секој ден, цело лето и рана есен додека не залади времето и не се врати на Водно во Скопје - пишува во објавата која ја споделува „Охрид1“. 

Во нивни стил, на видеото дури е споделен коментар со акцен на охридскиот говор:

- Вака ќе е додена не заладиТ времето и не си заминиТ Скопје. Во Охрид повторно неврози и заради блокирани улици од конвоите со обезбедување на Гордана Сиљнановска Давкова - пишува во објавата на овој локален медиум. 


Ова не е прва реакција за блокирањето на улиците низ Охрид. 

И лани граѓаните се жалеа на блокирањето на улиците за официајлните лица и тоа во период на поголеми гужви во градот, кога има поголем број туристи и кога тие се приморани да чекаат на раскрсници и улици поради поминување на заштитени лица. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

ad
Слично

Поврзани вести