Велешанец силувал Швеѓанка во ноќен клуб во Охрид
МВР извести дека Велешанец е уапсен поради сомение за силување на млада девојка од Охрид во ноќен клуб во Охрид.
Од полицијата информираат дека К.С. бил приведен вчера во 18:30 часот од страна на полициски службеници од СВР Охрид.
„Претходно истиот ден, во 14:35 часот, 21-годишна девојка од Шведска пријавила во СВР Битола дека во ноќта меѓу 8 и 9 август, во ноќен клуб во Охрид, осомничениот извршил обљуба врз неа“, објави СВР Охрид.
Слично
