ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕЛЕШАНКА КАСНАТА ОД ПАЈАК „ЦРНА ВДОВИЦА“: Итно пренесена на скопска Токсикологија

ВЕЛЕШАНКА КАСНАТА ОД ПАЈАК „ЦРНА ВДОВИЦА“: Итно пренесена на скопска Токсикологија

Шеесет и едногодишна жителка на Велес заврши на скопската Клиника за токсикологија откако, додека работела во поле во селото Еловец била касната од еден од најотровните пајаци во Европа — црната вдовица.

Веднаш по инцидентот, кај жената се појавиле симптоми на силно труење — остра болка во раката и грбот, вртоглавица и интензивни грчеви по целото тело. Таа итно била пренесена во Ургентниот центар во Велес, каде што медицинскиот тим му пружил првична помош.

За да нема никаква двоумење, пајакот бил фатен и донесен во болницата, каде што лекарите официјално потврдиле дека станува збор за црна вдовица. По консултација со Клиниката за токсикологија во Скопје, пациентката била префрлена на понатамошен медицински третман и заштита.

Реткост каква што велешката болница не памети четири децении

Од велешката болница истакнуваат дека ваков случај не е забележан во последните 40 години. Иако црната вдовица е природно присутна во сувите и карпести предели на Велешко, блиските средби и убодите кај луѓето се исклучително ретки.

Што треба да знаете за отровот?

Отровот на црната вдовица е исклучително моќен невротоксин. Иако каснувањето во првиот момент може да биде речиси неосетно, за краток период предизвикува силни мускулни спазми, неподнослива болка во стомакот и грбот, обилно потење, мачнина и отежнато дишење. При слични инциденти, клучна е брзата медицинска реакција и соодветниот третман.

Фото:Пекселс


ad
Слично

Поврзани вести