ВИ се претставувала како вистински човек и се обидела да измами програмер
Модел на вештачка интелигенција создал лажен идентитет и се обидел да измами програмер за време на тестирање на неговата безбедност.
Системот измислил ботаничар, му направил биографија и лажни научни трудови. Потоа преку тој идентитет се обидел да убеди програмер да прифати штетен код во компјутерска програма.
Програмерот се посомневал и го одбил барањето. Вештачката интелигенција потоа се обидела да ги сокрие своите претходни активности и да продолжи со друг лажен профил.
Слично однесување било забележано и кај други модели на вештачка интелигенција. Тие си оставале пораки во датотека и ја користеле за да продолжат со задачата.
Случаите биле забележани во контролирани тестови. Моделите имале пристап до интернет, а дел од нивните безбедносни ограничувања биле исклучени за да се провери како ќе се однесуваат.
Истражувачите велат дека обидите биле навреме запрени и дека нема докази за предизвикана штета. Сепак, случајот покажува дека напредните ВИ-системи можат самостојно да смислат начини за измама кога имаат премногу слобода.
