ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ангелов кажа дека човек нападнал пожарникари: Тие не се супермени

(ВИДЕО) Ангелов кажа дека човек нападнал пожарникари: Тие не се супермени

Инцидент се случил вчера кога прилепчанец, кому му изгорела шталата каде чувал поголемо количество тутун, нападнал пожарникари кои дошле да го гасат огнот.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов вели дека кога пожарникарите пристигнале, човекот ги оттурнувал и ги спречувал да гасат. 

Ангелов рече дека граѓаните не треба да ги сметаат пожарникарите за супермени и дека има повеќе причини зошто тие се појавуваат на место каде треба да гасат пожар со задоцнување. Вели дека е можно во исто време да има повеќе пожари, а пожарникарите за да стигнат до местото на пожарот се возат десетина минути, а некогаш и повеќе. 

Пожарникарите го пријавиле случајот во полиција.

Вчера гореше во повеќе општини, а пожари има и денеска. 


ad
Слично

Поврзани вести