(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МОСКВА: Има жртви и ранети
Напад се случи во центарот на Москва, каде има мртви и повредени.
Во близина на летно кафуле на плоштадот Кудрински во центарот на Москва се случи експлозија, при што загинаа три лица, а 15 се повредени, јави ТАСС Но, други медиуми јавуваат за 21 повреден. Сообраќајот е привремено запрен во областа.
Истражната и оперативна група на Министерството за внатрешни работи и вработени во оперативните служби моментално работат на лице место.
Руската државна телевизија објави дека е можно експлозијата да била предизвикана од детонација на плинска боца, иако тоа не е официјално потврдено.
фото принтскрин
Слично
