ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Функционери се напија вода од чешма во Гостивар

(ВИДЕО) Функционери се напија вода од чешма во Гостивар

Водата во Гостивар сега е безбедна за пиење, а неколку функционери денеска се напија вода од чешма во градот. 

Тие сакаат да покажат дека водата повторно може слободно да се користи за пиење и секојдневна употреба. 

Функционерите порачаа дека здравјето и безбедноста на граѓаните остануваат приоритет. Инаку, гостиварци со недели беа без чиста вода за пиење, откако голем број граѓани се пожалија на стомачни тегоби и се откри дека во водата имало фекални бактерии. 

За Скопје имаше шпекулации дека водата е неисправна, по што градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на прес-конференција испи вода од чешма за да докаже дека таа е чиста. 
фото принтскрин

ad
Слично

Поврзани вести