ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГОРИ ВО ВАЛАНДОВСКО: Избувна ризичен пожар

(ВИДЕО) ГОРИ ВО ВАЛАНДОВСКО: Избувна ризичен пожар

Избувна ризичен пожар во Валандовско.

Два пожара попладнево избија во Валандовско, од кои едниот кај градот сè уште е активен и бараше интервенција од воздух, додека вториот кај селото Удово е изгаснат.

Првиот пожар е пријавен околу 13 часот во атарот на селото Удово, каде што веднаш се упатени противпожарни екипи.

Меѓутоа, веднаш потоа избил нов пожар на локалната депонија до Валандово, кој под влијание на слабиот ветер брзо се проширил врз околната ниска вегетација.

Поради стрмниот и тешко пристапен терен, како и густата вегетација, градоначалникот Ѓоко Камчев веднаш побарал поддршка од воздух.

Набргу потоа биле активирани два летачa „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Врз пожарот е воспоставена делумна контрола, но тој и понатаму е активен на еден од краците.

Како што кажа Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), пожарот кај селото Удово е целосно ликвидиран.

фото принтскрин јутјуб


ad
Слично

Поврзани вести