ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) И ТУРЦИЈА СЕ БОРИ СО ПОЖАРИ: Гори во Мугла, населението се евакуира

(ВИДЕО) И ТУРЦИЈА СЕ БОРИ СО ПОЖАРИ: Гори во Мугла, населението се евакуира

Пожар се шири меѓу Фетије и Анталија во Турција, поради што автопатот е затворен. 

Шумскиот пожар што избувна во турската покраина Мугла предизвика евакуација на населението. Како превентивна мерка, 65 жители од 43 куќи во близина на пожарот беа евакуирани. Поради ризикот од ширење на пожарот, евакуирани се и одделенијата за интензивна нега и палијативна нега на Државната болница Сејдикемер, која се наоѓа на околу 2,5 километри од зоната на пожарот. Пожарот избувнал наутро на земјоделско земјиште во округот Сејдикемер, а силните ветрови набрзо го прошириле на блиската шумска област. Во гаснењето учествуваат речиси 400 пожарникари и членови на службите за итни случаи, со поддршка на пет противпожарни авиони, 12 хеликоптери и бројна копнена механизација. И претходните години во екот на сезоната имаше големи пожари во Турција. Ова лето, Франција и Шпанија се соочуваат со пожари.

foto printskrin


ad
Слично

Поврзани вести