(ВИДЕО) Колумбиецот Јанко и неговиот бенд со македонска патриотска песна го честитаа Илинден
Колумбиецот Јанко Пењафорт и неговиот бенд „ВардарАнди“ со македонска патриотска песна го честитаа празникот Илинден.
Од Севиља, Шпанија со порака на македонски јазик и македонска песна, тие им посакаа среќен празник на Македонците.
„Ви го честитаме Илинден! Ви посакуваме мир, единство, благосостојба и вашите прекрасни традиции да живеат уште многу генерации. Среќен Илинден!“, напишаа тие на Фејсбук.
Инаку, оваа група изведува македонски песни, а лани беа во посета на Македонија. Тој ги изведува „Јовано, Јованке“, „Македонско девојче“, „Македонче соколе“ и многу други македонски песни.
фото принтскрин
Слично
