ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КРИМ Е ВО МРАК: Жителите чекаат топол оброк на улицa

(ВИДЕО) КРИМ Е ВО МРАК: Жителите чекаат топол оброк на улицa

Украинските напади оставија дел од Крим без струја, a жителите чекаат топол оброк на улицa. 

Жителите на кримскиот град Масандра, кои поради прекините во снабдувањето со електрична енергија останаа без можност да готват во своите домови, чекаат во редици за топол оброк што се подготвува на улица, објави Ројтерс.

Во повеќе градови на Крим, полуостровот што Русија го анектираше во 2014 година, во текот на летото има проблеми со снабдувањето со електрична енергија по украинските напади.

Началничката на градската управа на Масандра, Оксана Маџуд, изјави дека секојдневно се обезбедуваат околу 200 топли оброци за жителите. На менито има хељда со загреано конзервирано говедско месо.

Во руски напад врз украинската престолнина Киев, загинаа најмалку девет лица, додека 28 се повредени, меѓу кои и четири деца.


ad
Слично

Поврзани вести