(ВИДЕО) Општина Сарај започна со чистење на опасната депонија во Радуша што го загрозува изворот Рашче
По објавеното видео и жестоките реакции во јавноста, градоначалникот на Сарај, Мухамед Елмази, синоќа објави дека е започнато чистењето со механизација на опасната депонија во Радуша за која се верува дека може да го загрози еколошки и изворот Рашче.
„Во рамките на акциите за чистење на дивите депонии на територијата на Општина Сарај, во соработка со Град Скопје, спроведовме акција за чистење на дивата депонија во населеното место Радуша.
Ова е уште еден чекор во нашите континуирани напори за создавање почиста и побезбедна животна средина за сите граѓани. Со заедничка работа и посветеност постигнуваме конкретни резултати. За почист Сарај и подобра животна средина за сите!“, објави Елмази.
Слично
