(ВИДЕО) Шпанската полиција постави 500 метри долга лебдечка бариера во енклавата Сеута
Шпанија постави ограда долга 500 метри на границата меѓу Сеута и Мароко.
Шпанската полиција утрово постави 500 метри долга лебдечка бариера во енклавата Сеута за заштита од мигранти.
Од четврток, околу 50.000 луѓе преминале на шпанска територија по копно и море, ставајќи рекорден притисок врз оваа ретка копнена граница меѓу Европската Унија и Африка.
Најмалку 67 тела се пронајдени на шпанската страна од границата. Некои мигранти се удавија, додека другите толпата ги згмечи.
Според шпанските власти, повеќе од 48.000 мигранти веќе се вратени во Мароко во рок од 48 часа, без поголеми инциденти.Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека благодарение на ефикасната работа на полициите на Шпанија и Мароко, најголемиот дел од мигрантите кои нелегално влегле во шпанската енклава Сеута се вратени назад во Мароко.
