(ВИДЕО) Утрото во Охрид започна со чистење на последиците од ноќната забава
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ уште од раните утрински часови го чистеа центарот на Охрид и кејот, отстранувајќи ги големите количини отпад што останаа зад бројните млади кои ноќта ја поминаа во забава на отворено.
И додека комуналните работници ги собираа шишињата, чашите и останатиот отпад, дел од младите и во 6:30 часот сè уште беа на Малото пристаниште и во централното градско подрачје, пренесува Охрид1.
Слично
