ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Во Франција изгореа цели села

(ВИДЕО) Во Франција изгореа цели села

Во пожарите во Франција изгореа 42.000 хектари површина. Уништени се цели села, како на пример Ле Порж.

Пожарите уништија борова шума, принудувајќи околу 220.000 жители и туристи да се евакуираат од домовите и одморалиштата. Во меѓувреме, на околу 60.000 луѓе им е дозволено да се вратат.

Околу 5.000 пожарникари, војници и спасувачи се вклучени во гаснењето на пожарите, додека Европската Унија(ЕУ) испрати авиони и хеликоптери како помош за француските тимови.

Оваа година во Франција изгоре поголема површина отколку во која било година по 2006 година.

Француските власти предупредија дека најголемата опасност сега се преместила кон југоисточниот дел на земјата и кон брегот на Средоземното Море. Пожари има и во Шпанија, Грција, Турција.

foto printskrin youtube


ad
Слично

Поврзани вести