ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ КОЛУМБИЈА: Има штети и повредени

(ВИДЕО) ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ КОЛУМБИЈА: Има штети и повредени

Силен земјотрес денеска ја погоди Колумбија. Се стресе Богота, а потресите се почувствуваа дури до Венецуела. 

Земјотрес со јачина од 6,6 степени ја погоди Колумбија, а епицентарот бил во покраината Чоко. EMSC објави дека магнитудата на земјотресот била 7,2. Гувернерката Нубија Каролина Кордоба-Кури  потврди дека има штети и повредени. 

„Чоко го погоди разорен земјотрес. Загрижени сме за можни дополнителни потреси. Иако епицентарот беше во близина на местото Сан Хосе дел Палмар, има повредени, а зградите во главниот град Кибдо претрпеа значителни оштетувања. Веќе работиме на проценка на штетата и наскоро ќе го објавиме првиот официјален извештај“, вели таа.


Градоначалникот на Богота, Карлос Галан, објави дека засега нема пријави за жртви или за сериозни оштетувања на објектите.


Претходно годинава и во Венецуела имаше земјотреси при што загинаа над 5.000 луѓе. 

foto printskrin youtube

ad
Слично

Поврзани вести