ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗЕМЈОТРЕС ВО ИТАЛИЈА: Огромни карпи згмечија автомобили

(ВИДЕО) ЗЕМЈОТРЕС ВО ИТАЛИЈА: Огромни карпи згмечија автомобили

Земјотрес ја потресе Италија. Четворица имаат полесни повреди. Огромни карпи згмечија автомобили, а потресот предизвика одрон среде град.

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди италијанскиот регион Кампи Флегреи во близина на градот Неапол, предизвикувајќи големи свлечишта и прекини во снабдувањето со електрична енергија, јави агенцијата АНСА.

Италијанската противпожарна служба соопшти дека се пријавени оштетувања на згради во Неапол и во околината.


Италијанските медиуми објавија дека ова е еден од најсилните земјотреси некогаш регистрирани во ова подрачје, при што жителите од некои населби во паника излегле на улиците додека траело тресењето.

Оваа година два многу силни земјотреси имаше во Венецуела, кои однесоа илјадници жртви. 

фото принтскрин


ad
Слично

Поврзани вести