Виничанец пукал кон основно училиште, дома му нашле пушка и пригушувач
Полицијата поднесе кривична пријава против 31-годишен жител на Виница, кој е осомничен дека со огнено оружје испукал неколку проектили кон основно училиште и оштетил дел од училишниот инвентар.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против П.З.(31) од Виница поради постоење основи на сомнение дека го сторил кривичното дело „предизвикување општа опасност“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јануари 2026 година пријавениот со огнено оружје испукал неколку проектили кон основно училиште во Виница, при што оштетил дел од инвентарот.
Подоцна, при претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле пушка, пригушувач, рамки за муниција, 192 парчиња дијаболи и други предмети.
