ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја диктира цената на откупот на црвената пиперка

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја диктира цената на откупот на црвената пиперка

По три дена протести на земјоделците во Струмица за слабоплатениот откуп на црвената пиперка од 25 денари, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ излегоа со реакција на критиките од страна на СДСМ со тоа дека семејниот бизнис на поранешниот премиер Зоран Заев ја диктира цената.

„Лицемерно е што СДС се вмешува во политичка борба и пресметка за откупот на пиперки. Земјоделците кои имаат проблем со откупот добро знаат дека меѓу најголемите откупувач е Мамас Ајвар во сопственост на Зоран Заев. Е сега друго прашање е дали има политичко замешателство во свесно и намерно држење на ниски откупни цени за да СДС има политички бенефит додека Зоран Заев заедно со Венко Филипче ужива на милионската јахта на егејското море, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Следниот пат кога ќе испраќа СДС барање за откупот на пиперката нека ги насочи кон најголемиот откупувач Мамас Ајвар и Зоран Заев. Прашањето кое е непознато од каде Зоран Заев диктира цени, од Порто Карас или од Санторини?“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку денес министерот за земјоделство Борче Серафимовски пред просториите на подрачната единица во Струмица треба да даде изјава за медиуми во врска со откупот на пиперката – куртовска капија.


ad
Слично

Поврзани вести