ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кои македонски градови денеска беше најтопло?

Во кои македонски градови денеска беше најтопло?

Во Велес денеска било најтопло. 

Највисоки температури во земјава денеска во 15 часот се измерени во Велес и на мерната станица Зајчев Рид во Скопје, каде што живата во термометарот достигна 37,1 степен.

Според најновите податоци објавени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), високи температури се регистрирани и во останатите градови низ Македонија.

Веднаш зад Велес и Скопје се Кавадарци со измерени 36,8 степени, Виница со 36,4 и Демир Капија каде во 15 часот се измерени 36,2 степени.

Во Гевгелија се измерени 35,8 степени, во Штип 35,4, а во Струмица 34,7 степени.

Топло е и во Тетово со 33,7 степени, како и во Битола и Охрид каде метеоролошките станици измерија точно 33 степени.

Во Прилеп се измерени 32 степени, во Крива Паланка 31,9, Тополчани 31,6, Пожаране 31,1 и Берово 30,7 степени.

Под границата од 30 степени се Ѓуриште со 30,2, Претор со 29,1, Радовиш Пожар со 29, а во Маврови Анови се измерени 28,7 степени.

Најсвежо во 15 часот било на планинските места, односно во Крушево каде се измерени 26,5 степени и на Попова Шапка со 20,7 степени.

Идната недела се очекуваат температури до 40 степени. 

ИЈЗ веќе предупреди граѓаните да внимаваат на своето здравје и да не излегуваат од 10 до 17 часот. 

ad
Слично

Поврзани вести