Во која земја бројот на странски туристи се намалил за 71 отсто?
Драстично се намалил бројот на странски туристи во Израел.
Државата има најголем пад на странски туристи, oдносно цели 71 отсто. Иако светскиот туризам во голема мера закрепна по пандемијата на ковид-19, дел од туристичките дестинации и понатаму бележат значително помал број странски посетители во споредба со 2019 година.
Најголем пад е регистриран во Израел, каде што бројот на странски туристи во периодот од 2019 до 2025 година се намалил за дури 71 отсто.
Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), зад Израел следуваат Ирска со намалување од 32 проценти, Аргентина со 23 проценти и Перу со 22 проценти. Намалување на бројот на странски туристи е забележан и во Тајланд, Естонија и Унгарија.
Овие податоци покажуваат дека, иако глобалниот туристички сектор бележи постепено закрепнување, не сите земји успеале да се вратат на нивото на меѓународни пристигнувања што го имаа пред здравствената криза.
На 7 октомври во 2023 година, Хамас го нападна Израел по што почна војна. Но, Израел и Иран исто така се напаѓаа меѓусебно.
