(ВИДЕО) ВО НЕАПОЛ СЕ СЛУЧИ ЗЕМЈОТРЕС КАКОВ НЕМАЛО 40 ГОДИНИ: Колку луѓе се повредени?
Земјотресот што синоќа го погоди Неапол е најсилниот во последните 40 години, а повредени се најмалку 20 луѓе и тие побарале лекарска помош.
Потрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер го зафати поширокото подрачје на Неапол, по што имаше серија последователни потреси. Според жителите, главниот потрес траел 20 секунди. Според италијанските сеизмолози, станува збор за најсилниот земјотрес во овој регион во последните 40 години.
Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV) соопшти дека епицентарот бил во областа на Флегрејските полиња, вулкански активна зона западно од Неапол. Најсилниот од последователните потреси достигнал јачина од 3,8 степени според Рихтер.
foto printskrin
Слично
