ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Водата во Гостивар и натаму само за техничка употреба

Водата во Гостивар и натаму само за техничка употреба

Водата од водоводниот систем во Гостивар и натаму не е безбедна за пиење и готвење и може да се користи исклучиво за технички потреби, изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Општина Делчево.

Според него, по преземените мерки, фекалните колиформни бактерии веќе не се присутни во водоводната мрежа. Сепак, при прочистувањето и хиперхлорирањето била регистрирана нова резидуална бактерија.

„Во овој момент водата во Гостивар останува да се користи како техничка, без да има насоки за да биде користена за пиење и готвење. Во инсталацијата веќе ги нема оние фекални колиформни бактерии, но се појави нова резидуална бактерија која е присутна поради тоа што долго време инсталациите не биле користени, па сега со прочистувањето и хиперхлорирањето се појавува во нив. Очекувам и овој предизвик да биде надминат, по што конечно ќе се одобри водата и за пиење и за готвење.“

Надлежните служби продолжуваат со прочистување, дезинфекција и микробиолошки мониторинг на водоводната мрежа.

Водата ќе може повторно да се користи за пиење и готвење откако ќе бидат завршени контролите и ќе биде добиено официјално одобрение од надлежните институции.

ad
Слично

Поврзани вести