ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Водата за пиење во Гостивар е безбедна - последните резултати биле миркобилошки и бактериолошки исправни

Водата за пиење во Гостивар е безбедна - последните резултати биле миркобилошки и бактериолошки исправни

Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење - соопшти на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи. 

Претходно за најновите информации поврзани со водата за пиење од гостиварскиот водовод седница одржа Главниот штаб за управување со кризи. 

Со ова, Гостиварци по речиси еден месец конечно добија вода за пиење.

- На последните добиени резултати водата е миркобилошки и бактериолошки исправна. 

Со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење - изјави попладнево директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.

На граѓаните им се порачува пред да ја користат водата за пиење, таа добро да истече од чешмите.

ad
Слично

Поврзани вести