ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ: „Безбеден град“ почна да функционира во Дебрца
Oд полицијата информираат дека во функција се камерите од „Безбеден град“ во Дебрца, а наскоро ќе почнат да функционираат и во Охрид. „Безбеден град“ функционира на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца.
Наскоро камерите на „Безбеден град“, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната техничка проверка и тестирања.
Од полицијата апелираат до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за побезбедни патишта низ државата.
„Безбеден град“ почна да функционира на почетокот на годината и тоа во Скопје, Тетово и Куманово.
Слично
