Вработен во ЕВН нападнат во Сарај
Вработено лице на групацијата ЕВН Македонија било нападнато во скопската населба Сарај, објави денес МВР во полицискиот билтен. Нападот се случил вчера, по што работникот го пријавил случајот во полиција.
- На 29.07.2026 во 13:15 часот во СВР Скопје, Г.К.(45) од Скопје, вработен во ЕВН Македонија, пријавил дека околу 13:00 часот на подрачјето на општина Сарај, додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од Т.Б.(32) од с.Сарај, објави МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Слично
