Кој ќе биде македонски амбасадор во Атина?
Филип Пасху, кој само 10 дена беше директор на „Градски паркинг - Скопје“ пред да биде разрешен од тогашната градоначалничка Данела Арсовска, е избран за македонски амбасадор во Атина, според информациите на Слободен печат.
Пасху на 31 декември 2021 година беше назначен за в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“ каде што претходно веќе работел како заменик-директор и претседател на Управниот одбор. Тогаш од Град Скопје соопштија дека „Пасху е магистер по економија, со долгогодишно работно искуство во управување со многубројни проекти на УСАИД, ДФИД, ИПА-фондовите на Европската Унија. По разрешувањето, од кабинетот на Арсовска рекоа дека Пасху бил само времено решение и дека ќе добие нова позиција во Град Скопје.
Има искуство и од позицијата неизвршен директор на АД ‘Енергетика‘ Скопје, заменик-директор на ‘Градски паркинг‘, како и претседател на Управниот одбор на истото претпријатие“.
